Јамал: Ќе го победиме ПСЖ со 1:0, а знам и кој ќе го даде голот

194

Младиот напаѓач на Барселона, Ламине Јамал е полн со самодоверба пред мечот со Пари Сен Жермен во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ. Во среда Барселона игра со ПСЖ на „Паркот на принцовите“.
Јамал кој има 16 години верува дека Барса ќе го совлада францускиот шампион.
„Со голем ентузијазам се подготвувам за овие натпревари. Ова ми е прв четвртфинален двобој. Што треба да се направи за да се победи ПСЖ? Ние ќе играме како што играме, ќе доминираме и ќе победиме.
Мислам дека ќе ги добиеме 1:0 и јас ќе го постигнам голот“, изјави младиот фудбалер.

ПретходноМитев одбра 17 одбојкарки за првиот собир пред квалификациите за ЕП
СледноКлоп пред неделното дерби: Најтешко е да играте против Јунајтед на „Олд Трафорд“