Во организација на Трим Лум и Италијанската амбасада: Дресот на Меси од финалето во Катар и „Златната копачка“ на Роси, во Скопје! (ФОТО)

168

Дека Македонија не е фудбалска провинција, тоа најубаво го покажуваат фирмата Трим Лум, која е сопственик на нашиот шампион Струга ТЛ и Италијанската амбасада во Скопје. Имено во нивна организација од 8 до 24 април во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје, ќе се одржи изложба насловена како “Паоло Роси и легендите“.

No description available.

Преку спомени, оригинални маички и дресови, виртуелна реалност, интервјуа, златни топки, посетителите на оваа изложба ќе можат да стапат во контакт со големите шампиони во светскиот фудбал.

Тие ја водушевуваа публиката со својата способност и нивните голови. Ќе може да се доживеат незаборавни емоции со изложување на многу предмети што ќе стигнат во Скопје. Вклучувајќи и официјалната топка и дресот на Лео Меси со бр.10 од финалето на СП во Катар. Како и „Златната копачка“ од СП 1982 на Паоло Роси, како и „Златната топка“ на Италијанецот од таа 1982, за најдобар фудбалер во светот во таа година.

Се очекува во Скопје да дојде и Салваторе Тото Скилачи, големото име на фудбалот во Италија, како и Федерика Капелети, сопругата на Паоло Роси, кој за жал почина во 2020 година. Инаку Капелети е директор на женскиот фудбал во Италија.

Убава вест за нашите фудбалска фанови, да дојдат и да проследат изложбата и тоа благодарените на Трим Лум и Италијанската амбасада во Скопје.

Свеченото отворање е закажано за в понеделник (8 април) во 12 часот. Изложбата во „Мала Станица“ ќе биде отворена од вторник до сабота и тоа од 10 до 18 часот.

Везот ќе биде бесплатен.

ПретходноХаос на улиците од рано наутро иако градското дерби се игра дури вечерва
СледноСтоле е вардарова легенда – секогаш е тука да гаси „пожари“