Сефер Емини со гол ја потврди победата на Сондерјиске!

139

Иако го одигра само второто полувреме, нашиот репрезентативец Сефер Емини и дефинитивно покажа дека без него не се може во таборот на Сондерјиске. Играчот за врска во 59.минута стрелаше за 2:0 за Сондерјиске во меч од Втората лига на Данска против составот на Хобро во меч од 24.коло.

На овој меч стартер за Сондерјиске настапи и Иван Николов, вториот наш репрезентативец.

Тимот на нашите репрезентативци има голема шанса оваа сезона да ја заврши на место кое води во елитната лига на Данска.

ПретходноПолувреме во Кратово: Мрежите мируваат, Кехинде имаше две убави шанси за водство!
СледноМу се јавил на Гвардиола и отворено му признал: Ако загубиме од Реал – си одам!