Фенербахче децидни: Ако нема странски судии, против Галатасарај ќе играме со јуниорите

89

Фенербахче продолжува со протестите против Турската фудбалска асоцијација поради одлуките по инцидентите во Трабзон, а последниот потег е поврзан со финалето на Суперкупот закажано за в недела.

„Ќе испратиме јуниорска екипа. Испративме писмо до федерацијата со барање да се одложи натпреварот или да се назначат странски судии, но бидејќи не добивме одговор, ќе играме со јуниорите. Дополнително, решивме да не учествуваме во Купот на Турција во следните две сезони“, изјави потпретседателот на клубот, Ерол Билечик.

ПретходноВМФЛ: Лидерот на гости во Неготино, Пелистер по бод(ови) на Автокоманда…
СледноБензема четири месеци нема постигнато гол