Ако немирите, тепачките и инцидентите беа за очекување пред денешното дерби во Рим меѓу Рома и Лацио, тогаш ретко кој можеше да претпостави дека попладнево нешто слично ќе се случува и во Севилја, каде вечерва од 22 часот се игра финалето на “Купот на кралот“ во кое се среќаваат екипите на Билбао и Мајорка.
Сепак како што пренесува “Марка“ двете навивачки групи се судриле и предизвикале хаос во овој шпански град. Интересно е тоа што фановите на овие две екипи немаат некоја историска или традиционална нетрпеливост.
😢 Así ha sido la pelea de radicales de Mallorca y Athletic Club en el centro de Sevilla
📹 @japineda88 pic.twitter.com/Fqed1OEByw
— Radio MARCA (@RadioMARCA) April 6, 2024