Рома и Лацио играат вечерва од 18 часот на Олимпико, но веќе почнаа судири во центарот на Рим меѓу навивачите на двата клуба.
Веќе од раните утрински часови во Рим почна да владее тензија, а во близина на стадионот дојде до конфликт во кој учествуваа околу стотина ултраси на Рома и околу 200 ултраси на Лацио.
Полицијата дури била принудена да употреби солзавец за да ги раздвои завојуваните страни. Полицијата на крајот го уапси 41-годишниот навивач на Рома, а најверојатно ќе има уште апсења пред почетокот на натпреварот.
За време на полициската интервенција веќе биле одземени кациги, палки и други разни предмети кои навивачите на Рома и Лацио имале намера да ги употребат во судирот.
A poche ore dal derby, scontri nella zona dell’Olimpico tra tifosi di #Roma e #Lazio. La polizia ha separato i due gruppi anche con l’uso dei lacrimogeni: le immagini. pic.twitter.com/ITaHCsQ5ZC
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) April 6, 2024