Хајденхајм го урна Баерн на Тухел, десет минути за Елмас, Леверкузен не знае за доста! (ВИДЕО)

201

Попладнево се одиграа пет средби од 28.коло во Бундеслигата. Секако дека во преден план е поразот на тимот на Томас Тухел, гигантот Баерн Минхен и тоа со 3:2. Што ли направи Тухел од овој Баерн?

Посебно ако се знае дека домашните за само една минута, во 50-51 постигнаа два гола за водство од 0:2 до 2:2.

Да водиш 0:2 и на крај да загубиш од Хајденхајм со 3:2, е тоа го може само тимот на Тухел.

Лајпциг на гости победи со 1:4 кај Фрајбург, а Елиф Елмас влезе во игра во 83.минута, значи и на овој меч Дијамантот не се наигра многу.

Леверкузен со 0:1 славеше кај Унион Берлин, со голот на Вирц, и сега има +16 пред Баерн и со тоа може уште во следното коло да ја официјализираат титулата.

Келн со два гола, во 91 и 92 минута успеа да го победи Бохум со 2:1. Мајнц со 4:0 го растури Дармштад.

ПретходноВМФЛ: Беса и Пелистер со минимални победи на гости
СледноМилан убедлив со Лече, броеше до три! (ВИДЕО)