ВМФЛ: Лидерот на гости во Неготино, Пелистер по бод(ови) на Автокоманда…

303

Денеска од 15 часот се играат сите натпревари од 23.коло во ВМФЛ. Лидерот, тимот на Беса има незгодно гостувањекај Вардар во Неготино, таму секогаш тешко се освојуваат бодови, но како игра Беса оваа сезона секако е фаворит и на овој дуел. Нема никакви дилеми дека Беса следната сезона ќе ја гледаме во ПМФЛ.

Пелистер пак му оди на Скопје, секако дека битолчани ги чека тешко гостување. И “пиратите“ си имаат свои амбиции на оваа средба.

Според местата на табелата, се чини дека дербито на ова коло е мечот меѓу Арсими и Охрид, екипи кои веднаш зад водечката тројка.

Детонит игра дома со Победа, Караорман го дочекува Тетекс, а се играат и средбите Кожув – Башкими, Саса – Осогово и Новаци – Беласица.

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Арсими – Охрид

Скопје – Пелистер

Вардар (Н) – Беса

Караорман – Тетекс

Кожув – Башкими

Детонит – Победа

Саса – Осогово

Новаци – Беласица

ТАБЕЛА

Беса 57, Пелистер 51, Детонит 45, Арсими 40, Охрид 36, Скопје 35, Башкими 34, Вардар (Н) 28, Беласица 27, Кожув 25, Новаци 24, Победа 22, Тетекс 21, Осогово 20, Караорман 15, Саса 14,

ПретходноПлеј-оф: Првакот гостин во Автокоманда, Охрид на тест во кавадаречкиот пекол
СледноФенербахче децидни: Ако нема странски судии, против Галатасарај ќе играме со јуниорите