Кам-бек на Јагуриноски во вистинско време за Вардар 1961 и за Македонија!

422
Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Доправа доаѓаат најважните битки за тронот во македонскиот ракометен шампионат, па токму затоа за главните кандидати за титулата во преден план е да бидат комплетни.

Еден од оние тимови кои се мачеше со повредени на своите важни играчи беше токму Вардар 1961. Најтрофејниот ракометен колектив се уште има проблеми, но дел од дел ракометарите се враќаат на терен.

Денеска после пауза од еден месец на терените повторно го видовме Томислав Јагурноски. Тој се повреди на првенствен натпревар, и не само што Вардар 1961 остана без неговите услуги, не беше дел од ЕХФ-неделата на пријателските мечеви против Романија.

Јагуриноски денеска играше против Бутел Скопје, постигна три гола, факт кој го радува и предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров. Македонија на 08. мај е гостин на Фарски Острови, додека четири дена подоцна дома го игра реваншот против оваа репрезентација за пласман на Светското првенство 2025 година. Јагурноски е главна алка во составот на „црвено-жолтите“, па со него во тимот дефинитивно ќе биде поинаку.

ПретходноУ-19: Фудбалерките ја победија и Литванија!
СледноСити со пресврт до победа кај Кристал Палас! (ВИДЕО)