Лазаров: Пелистер во овој момент е подобар тим од нас, и индивидуално и колективно

135

Алкалоид беше поразен од Пелистер со 25-35 во рамките на седмото коло во плеј-офот. Актуелниот првак ја оправда фаворитската улога и направи чекор напред кон титулата.

На другата страна Кирил Лазаров не може да биде задоволен од своите момци, бидејќи мечот можеше да заврши со помала разлика доколку не ги направија бројните технички грешки.

„Мислам дека во овој момент Пелистер е подобар тим од нас, и индивидуално и колективно. Заслужено победија, ние во второто полувреме направивме мини-серија со која дојдовме до два разлика и помисливме дека можевме, но во тие моменти загубивме доста топки и промашивме зицери. Сакавме пребрзо да се вратиме, а „пелистерци“ тоа многу искусно го искористија и ја зголемија својата предност. Мислам дека можеби е нереално да се заврши со десет гола негатива, ова беше добар ракометен меч, но што е тука е, тие во моментов се многу поискусни од нас и подобри за ваков тип на натпревари. Ова е лекција за да работиме уште повеќе. Пелистер има зад себе напорна сезона во која играше и во ЛШ, можеби ги загуби сите натпревари, но тоа дефинитивно беше од корист за кревање на формата, за сега овој тим да изгледа така како што изгледа“, изјави Кире Лазаров.

ПретходноЕве колку Динамо платил за огласот во “Марка“ со кој се повикува Модриќ да се врати на “Максимир“! (ВИДЕО)
СледноВо недела Леверкузен ќе “гори“, ќе се слави првата титула во историјата на Баер!