С играше 85.минута на “Паркот на Принцовите“ во Париз а резултатот беше 0:1 за последниот на табелата, Клермон, со гол во 32.минута на Кеита.И тогаш Мбапе му асистираше на Рамош, а овој успеа да израмни на 1:1. Овој резултат важеше и на крајот. Секако дека ова е шок за ПСЖ, но едно е да загубиш а сосема друго да се спасиш од пораз, ако се знае дека битката за титулата речиси е решена.
Треба да се каже дека Луис Енрике малку и комбинираше со составот, ако се знае дека во среда ќе треба неговиот тим да го одигра првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Па така Мбапе мечот го почна од клупата, а во игра влезе во 67.минута место Коло Муани.