НБА лигата ја казни Филаделфија со 100.000 долари поради настапот на Ембид

384

НБА лигата ја казни Филаделфија со 100.000 долари поради прекршување на правилата за пријавување повреди во лигата.

Филаделфија не можеше да го потврди статусот на повредата на Џоел Ембид пред нивниот натпревар на 3 април против Оклахома Сити Тандер. Ембид беше наведен дека нема да биде во списокот на кошаркари за тој меч поради повреда, но сепак, тој подоцна се појави на натпреварот.

„Казната вклучува и претходни прекршувања на правилата за пријавување повреди на Сиксерс“, се вели во соопштението на лигата.

На натпреварот меѓу Филаделфија и Оклахома, Ембид успеа да постигне 24 поени.

ПретходноАБА лигата од следната сезона се проширува на 16 клубови
СледноДалас без Дончиќ до важна победа за плеј-оф, Феникс ја доби Минесота