Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на Јапонското ГП, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Холанѓанецот трета година по ред стигна до пол-позицијата на Сузука, а воедно ја забележа и петтата победа во квалификациите по ред. Трикратниот светски шампион со тоа дојде и до 36-тиот пол во кариерата.
Неговиот тимски колега Серхио Перез, утре ќе тргне од второто место, додека третото време имаше Ландо Норис од Мекларен. Како четврти е тргне Саинц на Ферари, додека Фернандо Алонсо со Астон Мартин почнува од петтата позиција.
Трката за ГН на Јапонија се вози во недела во 7 часот.