Охриѓани со цел плен од Кавадарци за нов скок на табелата

559

Првиот круг во плеј-офот е комплетиран. Последниот меч беше одигран во Кавадарци каде ГРК Охрид успеа да им се врати на победите откако против Тиквеш славеше со 22-25 и се врати на третото место табелата пред Алкалоид.

Ова беше доста неизвесен натпревар, кој беше решен во самиот финиш кога гостите со серија од три гола успеаја да го привршат мечот во своја корист.

Цирар со седум гола беше прв стрелец, зад него беше Ојлески со пет гола. На другата страна Мијатовиќ имаше шест погодоци.

По првиот круг, Пелистер има максимални седум од седум и 23 бода. Зад него е Вардар со 18 бода, Охрид има 17 бода, додека Алкалоид остана на 15 бодови, по што следат Тиквеш , Бутал Скопје Пролет и Струга.

ПретходноРаботнички се изнамачи со Феникс 2010!
СледноРома е главниот фраер во Рим! (ВИДЕО)