Пелистер дојде до убедлива победа во првата четвртфинална пресметка во плеј-офот против Еуро Никел, откако на домашен терен славеа со 94-60.
Избраниците на Дарко Радуловиќ победата ја обезбедија во првото полувреме, имаа позитива од 43-26. Битолчани максимално ја искористија слабата одбрана на кавадарчани.
Иако по одморот сликата се промени и гостите заиграа многу порамноправо, третиот период заврши 20-20, сепак тоа не беше доволно за пресврт. На другата страна битолчани ја имаа контролата на натпреварот, не дозволија поинакво сценарио. Во последната четвртина одиграа моќно и ставија печат на победата.
Маслинко и Мијовиќ беа најефикасни кај победникот, двајцата заедно постигнаа по 16 поени. Соколов на другата страна имаше 20 поени, два помалку запиша Дубински.