Битката меѓу актуелниот вицепрвак и првак му припадна на Пелистер, кој славеше против Алкалоид на гостински терен со 25-35 во меч од седмото коло во плеј-офот. На овој начин битолчани првиот круг го завршуваат без пораз со максимален скор од седум победи во исто толку одиграни мечеви. Бранислав Ангеловски на оваа средбаше играше постојано со сите страндардни ракометари.
Цехте со 12 гола беше прв стрелец кај победникот, шест имаше Радивојевиќ. На другата страна Серафимов имаше пет гола.
Во првото полувреме Алкалоид му покажа заби на далеку поискусните противник. Имаше предност од еден гол седмата минута (5-4). Серија грешки беа доволни за да Пелистер дојде до второто водство (5-7). Алкалоид изедначи на 7-7, но повторно поради технички грешки, но и исклучувања ја загуби контролата, во 20 минута имаше негатива од четири гола (7-11). Младиот Дамјан Митев со вториот гол од седум метри го прекина налетот на противникот. Тоа не беше доволно, битолчани во 23 минута имаа плус пет (8-13), а потоа и имаа и 9-15. Домшаниот тим ја зацврсти одбраната, на одморот успеа да намали на 12-16, пропушти шанса да спушти на минуст три.
Ова на вицепрвакот му успеа на стартот на второто полувреме, веднаш намали на 11-14, а во 38. минута со голот на Петров доближи на 17-19. Ова беше доволна причина за да Ангеловски повика тајм-аут. Неговиот тим од овој момент со серија од 4-1 поведе со пет гола (18-23). По едно вакво сценарио Лазаров повика тајм-аут, сепак беше тешко да се се вратат неговите момци резултатски против силниот состав на битолчани, кои на осум минути до крајот набрзина набилдаа предност од седум гола (22-29) и го најавија името на победникот.
Претходно Пролет славеше на гости кај Струга со 22-24