Заврши првото полувреме во Кратово во првиот меч од 26.коло во нашата елитна лига. Силекс и Гостивар првиот дел го заврпија со резултат 0:0. Се играше тврдо, не така убаво за око што се вели, нагласена е желбата за победа, но сепак на пауза се замина без некој од екипите да постигне гол. Гостите преку Кехинде имаа две убави шанси, прво во 12.минута, но тогаш домашниот голман одлично одбрани, за да во 38.минута Божиновски киксираше, но Кехинде не успеа да казни. Во 20.минута домашните преку Игњатов опасно се заканија. Во 2.минута Потук бараше пенал за Гостивар, но заработи жолт картон, а домашниот напаѓач Ѓорѓиевски доби жолт картон откако се обиде да изглуми пенал.