Рома со 1:0 го победи Лацио во градското „Дерби дела Капитале“. Ова беше прва победа како тренер на Рома, на Даниеле де Роси на ова дерби. Победникот беше решен со голот на Манчини во 42.минута кој убаво шутираше со глава по центаршутот на Дибала.
Прв се закани Лацио преку Имобиле, но сепак топката мина за малку покрај голот на “домашните“. На “Олимпико“ вриеше, околу 65.000 гледачи имаа што да видат, пред се тактичко надмудрување меѓу Де Роси и Игор Тудор.
Генерално Рома покажа повеќе и на крајот заслужено победи и сега со 55 бодови се наоѓа на 5.место на табелата во Серија А.