Столе е вардарова легенда – секогаш е тука да гаси „пожари“

2820

Вардар 1961 оваа сезона се соочува со повреди, никако не успева да биде комплетен. Но, полека овие денови се зад „црвено-црните“, еден по еден од повредените се враќаат во составот.

А секогаш кога ќе загусти, тука е легендата Столе Стоилов. Тој иако ја има улогата на помошен тренер на Владо Недановски, сепак знае да биде во составот. Така беше против Пелистер, вака беше и денеска против Бутел Скопје.

Во отсуство на Милан Лазаревски, тој влезе во игра и постигна еден гол во второто полувреме.

Вардар 1961 на оваа средба славеше со 30-22.

ПретходноВо организација на Трим Лум и Италијанската амбасада: Дресот на Меси од финалето во Катар и „Златната копачка“ на Роси, во Скопје! (ФОТО)
СледноУ-19: Фудбалерките ја победија и Литванија!