А требаше да биде славје по повод 50-тиот роденден на “Вествален“ или “Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но така не мислеше Серу Гираси кој со гол во 46.минута му донесе победа на блескавиот Штутгарт со 0:1 и со тоа бодовно ја израмни својата екипа на табелата по ова 28.коло во Бундеслигата со Баерн Минхен, сега и двете екипи имаат по 60 бодови.
По тој гол Дортмунд, на кој сега му е во опасност и пласманот во Лигата на Шампионите, тргна со сите сили во напад, но бадијала, на крајот гостите се радуваа на оваа голема победа за нив.