Легендата на Реал (М) ќе стане нов директор на Ал Наср на Роналдо

191

Саудискиот клуб Ал Наср активно бара нов спортски директор, а легендата на Реал (Мадрид) Фернандо Jеро наводно веќе добил неодолива понуда да ја преземе улогата.

Преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и се очекува успешно да завршат за неколку дена. Јеро моментално е спортски директор на Чивас Гвадалахара, кој е на десеттата позиција во мексиканската лига.

Ал Наср прво преговарал со Португалецот Мигел Руберо, но тој одбил да ја преземе улогата, па Арапите потоа стапиле со легендата на Реал и на шпанскиот фудбал, кој дал „зелено светло“.

ПретходноЛиверпул и Рубен Аморим се пред постигнување договор
СледноПлеј-оф: Првакот гостин во Автокоманда, Охрид на тест во кавадаречкиот пекол