Ливерпул и Рубен Аморим се пред постигнување договор

109

Новинарот Педро Сепулведа на социјалните мрежи објави дека во наредните денови Ливерпул може да постигне договор со агентот на тренерот на Спортинг (Л), Рубен Аморим. Според изворот, агентите на Аморим во моментов преговараат со „црвените“ за финансиските услови за соработка, која евидентно ќе се оствари ова лето.

Аморим е обврзан со договор со Спортинг до летото 2026 година, но Ливерпул инсистира на негов ангажман како замена за Јирген Клоп, кој најави заминување. 39-годишниот стручњак ќе ги чини првите луѓе на англискиот гигнат околу 20 милиони евра, кои треба да се платат како обештетување.

Аморим го презеде Спортинг во март 2020 година, а под негово водство, клубот освои една титула и два купа на Португалија.

ПретходноПМФЛ: Силекс го дочекува Гостивар, само победа е во мислите на кратовци
СледноЛегендата на Реал (М) ќе стане нов директор на Ал Наср на Роналдо