Мбапе и другарите се спасуваа од пораз од последниот на табелата!

242

С играше 85.минута на “Паркот на Принцовите“ во Париз а резултатот беше 0:1 за последниот на табелата, Клермон, со гол во 32.минута на Кеита.И тогаш Мбапе му асистираше на Рамош, а овој успеа да израмни на 1:1. Овој резултат важеше и на крајот. Секако дека ова е шок за ПСЖ, но едно е да загубиш а сосема друго да се спасиш од пораз, ако се знае дека битката за титулата речиси е решена.

Треба да се каже дека Луис Енрике малку и комбинираше со составот, ако се знае дека во среда ќе треба неговиот тим да го одигра првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Па така Мбапе мечот го почна од клупата, а во игра влезе во 67.минута место Коло Муани.

ПретходноВо недела Леверкузен ќе “гори“, ќе се слави првата титула во историјата на Баер!
СледноТФТ остана со празни раце, Чаир се врати од минус 17