Милан без речиси никакви проблеми, на свој терен, со 3:0 успеа да слави победа над Лече. Речиси рутинска победа, и тоа со головите на Пулишиќ во 6.минута кој го откри резултатот на овој меч, следуваа головите на Жиру во 20.минута а точка стави на оваа победа Леао во 57.минута. Сепак треба да се каже дека гостите во 45.минута останаа со играч помалку откако Крстовиќ доби црвен картон.
Со овие три бода сега Милан има 68 бодови со кои уште повеќе се зацврсти на втората позиција.