Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ (38) одлучил да не ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија или во САД. На капитенот на хрватската репрезентација не му недостасуваат пари и не сака да брза со ваков ангажман, кој може да стави и бледа дамка на неговата кариера.
Имено, тој во текот на летото или ќе потпише нов договор со Реал или ќе ја заврши кариерата, пренесуваат шпанските медиуми. Договорот на Модриќ со Мадрид истекува на 30 јуни, а доколку не пристигне понуда за продолжување на соработката, тој ќе ја заврши кариерата, пред се од семејни причини, сметаат шпанските новинари.
Модриќ годинава полни 39 години, а во својата богата кариера освои се што можешњ да се освои.