„Не би отишол во Саудиска Арабија ниту за 600 милиони евра дневно“

12733

Младата ѕвезда на Лион, Рајан Черки, кој дебитираше за првиот тим како 16-годишник, би можел да го напушти клубот на лето бидејќи има само една година од договорот и моментално не разговара за продолжување.

Иако 20-годишниот креативен играч за врска не ја исклучува можноста за продолжување со Лион, не сака да размислува за тоа до крајот на сезоната, ниту пак за потенцијална нова дестинација. Вели дека се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата, но знае каде не, нема намера за никакви пари да оди во Саудиска Арабија.

„Да одам во Саудиска Арабија е многу, многу, многу далеку од мојот ум. Можат да ми плаќаат 600 милиони евра дневно, јас нема да одам таму. Сакам да играм во Европа, да уживам овде, а потоа ќе видиме “, изјави францускиот репрезентативец до 21 година за Salt Foot, а потоа додаде кога би можело тоа да се случи:

„Во иднина, се разбира, би можел да играм таму. Тоа е муслиманска земја, а таквите работи ми се важни. Ќе видам кон крајот на кариерата каква ќе биде состојбата во саудиската лига“, објасни Черки. 

ПретходноХаос во Севилја во пресрет на вечерашното финале на “Купот на кралот“! (ВИДЕО)
СледноПелистер ја оправда фаворитската улога против Алкалоид (ФОТО)