Плеј-оф: Првакот гостин во Автокоманда, Охрид на тест во кавадаречкиот пекол

89

Пелј-офот продолжува во ритамот на неизвесни и интересни пресметки, кои од коло во коло го менуваат поредокот на табелата.

Денеска на програмата е седмото коло по кое ќе биде затворен првиот круг од битката за табелата. Во центарот на вниманието се салата во Автокоманда и СЦ „Јасмин“ во Кавадарци.

Бранителот на титулата, Пелистер му гостува на вицепрвакот Алкалоид (18 часот). Битолчани се единствени со перфектен скор, имаат шест победи во исто толку одиграни натпревари. На другата страна Алкалоид пред оваа средба успеа да се врати на горните позиции, го дели второто место со Вардар, двата тима имаат по 15 бода, пет помалку зад лидерот. Пелистер влегува како голем фаворит, бидејќи има искусни имиња и плејада на странци, па се освен победа би било катастрофа за овој тим. На другата страна Кирил Лазаров на располагање има млад состав, кој чудно, но вистинито е посебен мотив за секој противник.

Во истиот термин, ГРК Тиквеш на жешкиот терен во Кавадарци го пречекува Охрид. Избраниците на Стевче Алушовски на домашен терен во минатото коло беа совладани од Вардар, па паднаа место подоле на табелата. На другата страна ГРК Тиквеш бара нови бодови за да може да се бори најмалку за четвртото место.

Претходно точно на пладне Вардар го пречекува Бутел Скопје, додека пак Струга е домаќин на Пролет (16 часот).

Во плеј-аут лигата има само една средба денеска, Куманово го пречекува Мулти Есенс (17 часот).

ПретходноЛегендата на Реал (М) ќе стане нов директор на Ал Наср на Роналдо
СледноВМФЛ: Лидерот на гости во Неготино, Пелистер по бод(ови) на Автокоманда…