Денеска ќе бидат комплетирани првите рунди од четвртфиналето во плеј-офот. МЗТ Скопје вчера со победа тргна во одбрана на титулата против Гостивар.
Денеска на програмата се три нови средби. Во списокот на најсериозни кандидати за освојување на титулата се Работнички и Пелистер. Овие два тима на патот кон тронот, кој го сонуваат со години имаат два незгодни противници.
Работнички игра против Феникс, додека пак Пелистер против Еуро Никел. Најтрофејниот кошаркарски колектив го пречекува Феникс во 18 часот, додека битолчани играат еден час подоцна.
Најголеми возбудувања можеби се очекуваат од пресметката меѓу Чаир и ТФТ, истата е закажана во 21 часот.