Манчестер Сити со 2:4 успеа да слави кај Кристал Палас во меч од 32.коло во Премиерлигата. Сепак започна со водство на домашниот состав и тоа со гол во 3.минута преку Матета. Брзо врати Де Брујне со гол во 13.минута за 1:1,. а потоа следуваше и целосниот пресврт. Луис во 49.минута, Халанд во 66.минута и уште еден гол на Де Брујне за водство на тимот на Пеп Гвардиола за 1:4.
До крајот домашниот тим со гол во 86.минута преку Едуард ги постави конечните 2:4.
Со овие три бода Сити сега има 70 бодови, исто како и лидерот Ливерпул, но и со меч повеќе.
Crystal Palace 1-4 Manchester City
Kevin De Bruyne brilliant goal!pic.twitter.com/ivpMwuuZ1b
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 6, 2024