Женската селекција на Македонија до 19.години денеска ја победи и Литванија со 2:0. Уште една добра партија и победа за нашите млади фудбалерки на квалификацискиот турнир од втората рунда во Б лигата која што се одржува во Молдавија, против која победивме на првиот меч.
Македонија поведе со голот на Петкова во 26.минута по додавањето на Јосифова. На 2:0 зголеми исто така Петкова и тоа во 77.минута. На крајот се покажа дека ова е и конечниот резултат.
Треба да се каже дека Литванија остана со фудбалерка помалку по црвениот картон во 49.минута кој што го доби Сесплакате.
Со овие две победи, Македонија во третиот меч против Велс ќе се бори за првото место на овој турнир и со тоа кој ќе оди ранг погоре.