„Де Класикер“ – Највисока победа на Феенорд и највисок пораз на Ајакс

420

Неверојатен меч во холандската Ердивизија. На „Де Кујп“ се одигра холандската фудбалска класика помеѓу Феенорд и Ајакс, а заврши катастрофално за амстердамската екипа. Феенорд славеше со 6:0 што претставува највисока победа во мечевите против Ајакс, а за Ајакс ова е највисокиот пораз во историјата во настапите во Ердивизијата.
Феенорд си поигруваше со гостинските играчи кои беа немоќни да направат нешто. Домашните ја полнеа мрежата, а гостите единствениот шут кон голот го имаа во финишот на мечот. Исто така имаа и еден корнер!
Иван Паиксао и Минтех постигнаа по два гола, а по еден Ханчко и Тимбер.
Очајна сезона за Ајакс кој сезонава е непрепознатлив во првенството. Да потсетиме дека во октомври минатата година загуби од ПСВ со 5:2, во Амстердам изгуби од Феенорд со 0:4, имаше големи киксови како поразот од Утрехт (4:3), реми со Алмере (2:2), од Твенте (3:1)… Испадна од Купот по пораз од нисколигашот Херкулес.

ПретходноЕјупспор предводен од Арда Туран се пласира во Суперлигата на Турција! (видео)
СледноПобеднички печат на европската виза: Македонските ракометари како под ноти против Литванија (ФОТО)