Ејупспор предводен од Арда Туран се пласира во Суперлигата на Турција! (видео)

484

Историски успех на Ејупспор, малиот клуб од Истанбул. По денешната победа над Алтај за првпат во историјата избори пласман во најсилната турска фудбалска лига. На пет кола пред крајот на шампионатот Ејупспор, предводен од некогашната фудбалска ѕвезда на Турција, Арда Туран избори промоција во Суперлигата.
Ејупспор е формиран во 1919 година лоциран во областа Ејуп во Истанбул. Од 2015 до 2021 година играше во Третата лига. Во 2021 година трет пат во историјата заигра во Втората лига, а сега навивачите на овој клуб од идната сезона ќе гледаат елитен фудбал, дуели со гигантите на турскиот фудбал.

На табелата Ејуп е лидер со 67 бода, 11 повеќе од вториот Гезтепе на пет кола до крајот.

ПретходноЛиверпул освои бод на „Олд Трафорд“, Арсенал повторно е лидер
Следно„Де Класикер“ – Највисока победа на Феенорд и највисок пораз на Ајакс