Штип УГД славеше дома и се избори за „мајсторка“ за финале

213

Одбојкарите на Штип УГД со убедлива победа од 3:0 (25:12, 25:19, 25:17) се изборија за трет натпоревар во полуфиналната серија против екипата на Работнички. Откако скопјани во првиот меч славеа со 3:1, освојувачот на Купот се созаема и на домашен терен не дозволи елиминација во трката за титулата.
Избраниците на тренерот Кристиан Ристески одиграа одличен меч и во три сета покажаа дека ја враќаат посакуваната форма во трка за место во големото финале.
Во првото полуфинале, Струмица во два меча славеше над Универзитет во Тетово и веќе обезбеди финале.

ПретходноГрчевски: Многу добро се работи со девојките, а напредокот е видлив
СледноЧелзи прими гол во 92. минута и остана без победа над „фенерџијата“