Јувентус се договорил со Тијаго Мота!?

209

Италијанскиот Јувентус се договорил со тренерот на Болоња, Тијаго Мота за да биде предводник на торинскиот тим идната сезона, пренесува „Калчомеркато“. Според нив „Старата дама“ добила потврден одговор од тренерот да го замени Максимилијано Алегри идната сезона.
Алегри има уште една година од договорот со поранешниот италијански шампион но на големо се зборува дека тој ќе си замине на крајот на сезоната. Јувентус уште сега работи на случајот и го сака Мота на клупата.
Договорот на Мота со Болоња истекува на крајот на сезоната и не одлучи да го продолжи, тоа сака да го искористи Јувентус пред да се вмеша друг клуб. Болоња со Мота на клупата е четврти на табелата, два поени помалку од Јувентус кој е на третото место.

ПретходноЧелзи прими гол во 92. минута и остана без победа над „фенерџијата“
СледноТотенхем со победата над Нотингем влезе во Топ 4