Барселона ќе му го продолжи договорот на Роберто

100

Раководството на Барселона во наредните недели ќе започне преговарачки процес со претставниците на 32-годишниот играч од средниот ред и капитен Серхи Роберто за продолжување на неговиот договор, објави Мундо Депортиво.

Според изворот, каталонскиот клуб ќе му понуди на Роберто да го продолжи кој истекува следното лето, за уште една сезона со сегашната плата. Шпанскиот фудбалер верува дека има што да даде и следната сезона во клубот, но ја негира можноста да се пресели во клуб од МЛС лигата.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и две асистенции.

ПретходноФренк Лампард ќе ја предводи Канада на СП 2026?
СледноПолувреме: Нема голови само на Маџари, Ѓорѓиев го “стресе“ Шкупи, води и Тиквеш,1:1 е во Ѓорче и Охрид! (ВИДЕО)