Билбао преку пенал-серијата до пехарот во “Купот на кралот“!

451

 

По цели три часа колку што траеше финалето во “Купот на кралот“, Билбао беше подобар во пенал – серијата од Мајорка  успеа да го освои пехарот во  ова ценето натпреварување. Треба да се каже дека Билбао по цели 40 години пауза дојде до нов пехар. Вистинска лудница кај фановите на тимот од Баскија.

Резултатот по продолженијата беше 1:1, а во пенал серијата беше 4:2, и по шест порази во финалето во низа конечно радост за Билбао.

Инаку Мајорка дојде до изненадувачко водство и тоа во 21.минута со голот на Родригез за големо славје кај фановите на овој клуб на трибините на стадионот “Ла Картуха“ во Севилја,каде и се играше ова финале.

Си овој резултат се замина на пауза.

Во второто полувреме Атлетик Билбао беше тој што доминирашена теренот. Имаше неколку шанси, имаше и зицери, но тимот на стратеот Ернесто Валверде успеа само да израмни на 1:1 и тоа со голот на Сансет во 50.минута. До крајот на мечот токму тимот од Билбао беше тој што беше подобар, но бадијала, ова финале отиде во продолженија.

А таму, барем во првото продолжение се играше без некој посебен ризик, иако Билбао беше тој што за нијанса беше подобар противник. И таму немаше голови па ова финале продолжи со изведување на пеналите, а таму подобар беше составот на Билбао и со вкупни 5:3 го освои пехарот во “Купот на кралот“.

ПретходноТФТ остана со празни раце, Чаир се врати од минус 17
СледноНово трипл-дабл шоу на Никола Јокиќ (ВИДЕО)