Вееше знаме со боите на Лацио и голем стаорец, па сега очекува суспензија (ВИДЕО)

1376

Џанлука Манчини би можел да биде суспендиран на најмалку еден меч, поради славењето по победата во градското дерби против Лацио. По мечот, дефанзивецот на „волчицата“ победата ја прослави со навивачите, веејќи знаме во боите на Лацио со голем стаорец на него. Тој подоцна се извини за гестот.

„Не сакав никого да навредам, го зедов првото знаме што ми беше дадено. Се извинувам“, изјави Манчини.

Доколку судијата ја вклучи оваа точка во протоколот, фудбалерот може да се соочи со исклучување од еден натпревар или парична казна. Италијанската фудбалска федерација веќе покрена истрага.

ПретходноЈувентус трет пат по ред ја победува Фиорентина со 1:0
СледноГвардиола: Не сум го гледал Реал Мадрид!