Гол-ревија во Монца, Наполи славеше со пресврт (ВИДЕО)

68

Фудбалерите на Наполи ја победија Монца на гостински терен со 4:2, во 31. коло од Серија А.

Натпреварот во Монца го одбележаа одлични голови и голем пресврт на гостите. Во првото полувреме видовме само еден гол за водство на домашните од 1:0.

Второто полувреме имаше „брутален“ почеток, па во рок од седум минути видовме четири гола со кои Наполи дојде до 1:3.

На ова Монца одговори со голот на Колпани во 62. минута , а конечните 2:4 ги постави Распадори во 68. минута.

Се уште актуелниот шампион на Италија сега е седми со 48 бодови, додека Монца е 11-та со шест бодови помалку.

ПретходноПМФЛ: Супер Вардар го победи шампионот, “сините“ го урнаа Шкупи, моќен Тиквеш, без победник во Ѓорче и Охрид! (ВИДЕО)
СледноСилен е овој Вардар…, еве каде е сега на табелата! (ФОТО)