Вардар попладнево го одигра најдобриот меч оваа есен. Во секој поглед ја надигра Струга ТЛ, имаше шанси за убедлива победа, но и овие 1:0 се и тоа како слатки. Да се победи шампиомнот секако дека не е мала работа, а уште повеќе и кога ќе се надигра.
За “СпортСпорт“ свој коментар има стратегот на вардарци, Горазд Михаилов:
“Уф, мислам дека одигравме навистина квалитетно. Голема победа за Вардар, сите заслужуваат честитки, а благодарност до “Комити“ за поддршката. Секако дека ова се екстра три бода за нас во битката за опстанокот, но ништо уште не е готово. Целта е јасна, треба да се обезбеди опстанокот. Мене ме радува тоа што покрај победата, е тоа дека ние и го надигравме противникот“ истакна Михаилов.