Даниел Малдини: Точно е дека ме викнаа да играм за Венецуела

683

Даниел Малдини, синот на поранешниот легендарен фудбалер на Милан и италијанската репрезентација Паоло Малдини, потврди дека разговарал со раководните луѓе на Фудбалската федерација на Венецуела за да игра за нивниот национален тим.
22-годишниот фудбалер на Монца може да игра за Венецуела поради неговата мајка Адријана Фоса која е родена во оваа јужноамериканска држава.
„Точно е дека ме побараа пред неколку месеци. Позборувавме и толку. Потоа немавме повеќе контакт. Во последно време повторно кружат гласини, посебно поради мечот Италија – Венецуела (пријателски) но ќе повторам. Од тој разговор, немаше друг повик. Засега мојот фокус е во Монца, тука се чувствувам важен играч и сакам да продолжам да играм“, изјави Малдини кој првиот дел од сезоната ја помина како позајмен од Емполи.
Во јануари направи трансфер во Монца.
Инаку Даниел Малдини играше за У20 селекцијата на Италија.

ПретходноАндреа во прегратките на нејзиниот татко Гоце Седлоски (ФОТО)
СледноШкупи: Им се извинуваме на навивачите за поразот во Штип