По лошото издание во Мелбурн, Макс Весртапен на најдобар начин се врати на сцената и победи денеска на Сузука за Големата награда на Јапонија. На крајот добар викенд имаше и Ферари, бидејќи Шарл Леклер и Карлос Саjнц успеаја да го извлечат максимумот од лошиот настап во квалификациите.
Трката во Јапонија започна турбулентно бидејќи веќе го видовме црвеното знаме во првиот круг откако се судрија Даниел Рикиардо и Алекс Албон, а прекинот траеше околу половина час.
Од самиот почеток беше јасно дека ова ќе биде трка во која Ред Бул ќе доминира, а на најдобар начин ќе се врати на сцената по малку полошиот викенд во Мелбурн пред две недели.
Макс возеше како шампион и никогаш немаше сомнеж дека ќе победи денеска. Конечно, Перез беше тој што му донесе двојна победа на Ред Бул со својата втора позиција.
MAX VERSTAPPEN WINS IN SUZUKA 🇯🇵
It’s a third win of the season and a 1-2 finish for Red Bull 🏆
Some response.#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/NqQPsfvo2C
— Formula 1 (@F1) April 7, 2024
Сепак, се чини дека денеска најзадоволни може да бидат во гаражата на Ферари, бидејќи Леклер и Саjнц извлекоа максимум од малку полошите квалификации, па на крајот беа веднаш зад Ред Бул.
Леклер беше особено импресивен, со само едно застанување на крајот успеа да се избори за подиумот, но во финишот на трката не можеше да се пресмета со својот тимски колега, кој беше многу побрз.
Саjнц успеа да го престигне Леклер и да стигне до третата позиција и важни бодови со кои остана зад возачите на Ред Бул. Вториот возач на Ферари, Шарл Леклер заврши како четвртопласиран. На петтото место заврши Ландо Норис.
Here’s how they took the flag 🏁#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/rntDivBQYm
— Formula 1 (@F1) April 7, 2024
Следната трка е за ГН на Кина на патеката во Шангај.