Уште едно убаво дерби одиграа Манчестер Јунајтед и Ливерпул во рамките на 32. коло на Премиерлигата. Натпреварот заврши 2:2, резултат со кој Ливерпул му го препушти врвот на Арсенал. „Топчиите“ и „Црвените“ имаат по 71 бод, со тоа што лидерот има подобра гол разлика. Сити е трет со 70 бодови.
Ливерпул играше добро во првото полувреме, го отвори мечот со шанса на Собослаи во 3 минута чиј удар го одбрани голманот на Јунајтед. Следуваше обид на Робертсон во 18 минута, а потоа и гол на Луис Диаз во 23 минута (ГОЛОТ ОВДЕ).
Во второто полувреме Јунајтед направи пресврт. Во 50 минута изедначи Бруно Фернандеш со шут од далечина (ГОЛОТ ОВДЕ). Во 67 минута Коби Мејно постигна убав погодок за пресврт на „Црвените ѓаволи“ (ГОЛОТ ОВДЕ).
Во 79 минута двојна шанса за Ливерпул, прво Онана го одбрани шутот на Луис Диаз, а одбиената топка Салах ја испрати високо над голот.
Три минути подоцна Ван Бисака направи прекршок во казнениот простор и судијата покажа пенал. Салах погоди за 2:2 (ГОЛОТ ОВДЕ). Во финишот убава шанса за Диаз кој шутираше преку голот.