Маж е убиен со нож во близина на стадионот на Тотенхем. Тој бил пронајден утривана со повеќе убодни рани, соопшти лондонската полиција. Тие се обиделе да го реанимираат, но и покрај сите напори на итната помош, мажот починал на местото на настанот.
Полицијата наводно го идентификувала мажот и се обидува да ги информира неговите најблиски.
„По инцидентот во кој едно лице загина, правиме се што можеме за да обезбедиме спроведување на полициска истрага, што е од најголема важност. Како што стојат работите, натпреварот од Премиер лигата против Нотингем Форест ќе се одржи според планираното“, се вели во полициското соопштение.