Мукаетов, безрезервно веруваше во ракометарките: Со срце за Македонија!

1225

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го потврди пласманот на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. На последната квалификациска средба нашите девојки славеа против Литванија со 34-24.

Женскиот национален тим после 12 години преку квалификации успеаја да се пласираат на еврошампионатот, кој ќе биде пак втор по ред. Благодарение на РФМ, Македонија пред две години доби директно место бидејќи беше еден од организаторите на шампионатот.

Најголема верба во ракометарките има првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, кој им го честиташе големиот успех на ракометарките.

 

ПретходноГалатасарај слави трофеј по само три одиграни минути во финалето на Суперкупот
СледноАндреа во прегратките на нејзиниот татко Гоце Седлоски (ФОТО)