Најавите добија потврда: Надал се откажа од Мастерсот во Монте Карло

131

Рафаел Надал ги потврди најавите на шпанскиот печат и се повлече од турнирот во Монте Карло неколку дена пред почетокот на истиот. Тој објасни дека се уште не е подготвен да се натпреварува на највисоко ниво и нема да биде дел од Мастерсот.

„Телото не ми дозволува да играм. Тешко ми е, тешко ми беше околу година и пол. Секој ден се трудам да решам се, но реалноста е дека во овој момент не сум во позиција да се натпреварувам. Тешко е“, изјави Надал.

Ролан Гарос се ближи, а веќе се шпекулира дека можеби Надал ќе го пропушти омилениот турнир.

ПретходноОва е најодвратното нешто што Шек му го направил на соиграч (ВИДЕО)
СледноФренк Лампард ќе ја предводи Канада на СП 2026?