Ново трипл-дабл шоу на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

1148

Никола Јокиќ за половина час во игра успеа да дојде до трипл-дабл оваа сезона, а неговиот Денвер да слави над Атланта со 142:110. Тој постигна 19 поени, со 14 скока и 11 асистенции, српскиот центар зад своето име додаде две украдени топки.

Јокиќ сега ја има бројката од 25 трипл-дабли и тој е само третиот играч во историјата кој успеал да стигне до оваа бројка на вакви учиноци во повеќе од една сезона во НБА.

Тоа е 130-ти трипл-дабл за Јокиќ во регуларниот дел од сезоната, четврти во историјата на НБА. Потребни му се уште „само“ осум трипл-дабл натпревари за да се израмни на третото место со Меџик Џонсон, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

И на оваа средба, Сомборецот имаше потези за паметење.

Инаку на другата страна на теренот беше неговиот соиграч од репрезентацијата, Богдановиќ кој постигна 18 поени.

ПретходноБилбао преку пенал-серијата до пехарот во “Купот на кралот“!
СледноАлонсо: Ништо не е решено, ќе останеме фокусирани, а потоа можеби ќе славиме!