Попладнево од 15 часот се играат пет средби од 26.коло во ПМФЛ. Вчера на отворањето на оваа прволигашка рунда Силекс и Гостивар одиграа без голови.
Јасно е дека дербито денеска се игра на Маџари. Вардар до дочекува шампинот, се очекува уште еднаш убава атмосфера.
Вардарецот Михаил Бришки во пресрет на мечот со Струга ТЛ изјави:
“Играме против шампионот на Македонија, незгоден противник против кого ќе ни биде потребна поддршка од целиот стадион. Вардар како и на секој натпревар и на овој ќе се бори за победа, а верувам дека нашите навивачи, со својата поддршка, дополнително ќе влијаат во остварување на нашата цел“ истакна Бришки.
Работнички и Брегалница изминатава недела ги сменија своите тренери, па така сега со Горан Станиќ и Трајче Сенев на клупите се надеваат дека ќе можат да дојдат до бодови против Воска на гости, и против Шкупи дома.
Тиквеш ја дочекува Брера, додека Шкендија и гостува на Македонија ЃП во Ѓорче, во меч на кој и на двете екипи трите бода им се од екстремна важност.
ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Тиквеш – Брера
Македонија ЃП – Шкендија
Брегалница – Шкупи
Вардар – Струга ТЛ
Воска – Работнички
ВЧЕРА
Силекс – Гостивар 0:0
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 54, Шкупи 51, Шкендија 48, Силекс 37, Гостивар 33, Брера 30, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Македонија ЃП 24, Брегалница 22..бодови