Завршија првите полувремиња од петте средби од 26.коло во ПМФЛ. На дербито на Маџари, Вардар и Струга ТЛ играат борбен фудбал, со по две шанси за двете екипи. Во средината на полувремето домашните бараа пенал откако Згуро беше во дуел со Лемос, но судијата Трпчевски не покажа на белата точка.
Сепак се очекуваше повеќе од двете екипи. Веројатно повторно тешкиот терен е проблем да се игра поквалитетен фудбал.
Во Штип изненадување, Пепи Ѓорѓиев погоди за водство на Брегалница против Шкупи.
Во Ѓорче каде играат Македонија ЃП и Шкендија резултатот е 1:1.
Воска Спорт поведе со голот на Марушиќ, а Стојановски израмни со убав шут со глава.
Во Кавадарци домашниот Тиквеш со 2:1 има водство против Брера.