Радески: Знаеме кој е Вардар, но Струга ТЛ ќе оди на победа!

229

Денеска во 15 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, во меч од 26.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ ќе му гостува на Вардар. Шампионот во последно време игра добро, врза неколку победи, па така и натаму е прв со три бода разлика пред Шкупи и шест пред Шкендија.

Во пресрет на денешниот дуел, свој коментар има Марјан Радески, еден од најдобрите играчи на Струга ТЛ како и во ПМФЛ:

Респект за противникот, за тимот на Вардар. Знаеме за каков противник се работи, добро го анализиравме. Секогаш е тешко да се игра против таков клуб со традиција. Ќе има добра атмосфера, полни трибини. Од друга страна нашите цели се јасни, одиме на три бода. Одиме на победа која ни е многу важна, сакаме да и натаму да бидеме први и на крајот да освоиме нова титула“.

Радески во моментов е втор на листата на стрелците во ПМФЛ:

Секој напаѓач игра за да постигне гол. Тоа е најубавото нешто во фудбалот. Ќе се обидам да постигна што повеќе голови на наредните натпревари, но сепак најбитно е секој од нас да го даде максимумот и да остваруваме победи за Струга ТЛ. Важно е кој ќе биде прв стрелец, но секако дека е многу поважно шампионската титула да биде во нашите раце“ заврши Радески.

ПретходноДоминација на Ред Бул на „Сузука“, Верстапен им се врати на победите!
СледноМакедонските ракометарки со интересна порака пред мечот со Литванија (ВИДЕО)