Тотенхем со победата над Нотингем влезе во Топ 4

78

Екипата на Тотенхем е на четвртата позиција на табелата во Премиер лигата по новите три бода освоени во дуелот со Нотингем Форест. „Спарс“ славеа со 3:1 забележувајќи ја 18-тата победа во 31 меч до сега.
Тотенхем и Астон Вила имаат по ист број на бодови (по 60) на четвртото и петтото место.
Со автогол на Мурињо, екипата на Тотенхем поведе, а изедначи Крис Вуд во 27 минута. На почетокот на вториот дел со два брзи гола преку Ван де Вен и Педро Поро, домашните ја потврдија победата од 3:1.
Нотингем е на 17. место со 25 бодови, исто колку и Лутон кој е во опасната зона. Под нив се само Барнли и Шефилд Јунајтед.

ПретходноЈувентус се договорил со Тијаго Мота!?
СледноГалатасарај слави трофеј по само три одиграни минути во финалето на Суперкупот